Заборавете на патување во Грција до 12 октомври
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Октомври, 2020
Maкедонските граѓани засега нема да можат да патуваат во Грција.
Границата со јужниот сосед ќе биде затворена до 12 месецов.
Двете министерски одлуки кои се однесуваат на привремено ограничување на копнените, морските и авионските поврзувања и на забраната за влез на државјани на трети земји, Грција ги продолжи до 12 октомври, јави дописничката на МИА од Атина.
За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија. Тие можат да патуваат преку граничниот премин Промахонас (Кулата), но само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен до 72 часа пред пристигнувањето.
Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и со негативен ПЦР тест.
Забраната не важи: за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и живеат во Грција, за влез на лица од апсолутно неопходни професионални или медицински причини за што ги имаат и потребните документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија одат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.
Во Словенија пак можеме да патуваме, но со корона тест кој не е постар од 48 часа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.