Забрана за работа за агенцијата која измами студенти за работа во Германија
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2017 19:28
Државниот инспекторат за труд донесе решение за забрана на работата во работната просторија на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство со наплата – „Венера“ од Битола, во траење од 30 дена и ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка.
Вонредните инспекциски надзори беа извршени на 5.7.2017 година и на 14.7.2017 година по објавените информации дека група студенти биле измамени од страна на оваа агенција“, стои во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.
Група студенти се жалеа дека биле измамени од агенцијата, па наместо да отидат на студентска работа летово во Германија, тие останале во Македонија. Првин во јавноста излегоа студенти кои требало да работат во бутиците „Зара“, а потоа на нив им се приклучија и други на кои им била ветувана работа во ресторани како „Мекдоналс“ и „Бургер Кинг“. Тие бараа сопствениците да им вратат по 250 односно по 150 евра.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




