05 Декември, 2025
0.0351

ЗАДОЛЖУВАЊА: Само за еден месец државата позајми 241 милион евра, двојно повеќе од планираното!

Објавено во: Финансии 26 Март, 2015 08:09

Добивај вести на Viber

Задолжувањето во вторник треба да биде последно задолжување за првиот квартал од годинава. Податоците покажуваат дека во март, Владата се задолжила кај домашните кредтори повеќе од двојно во однос на планираното. На последната продажба на државни хартии од вредност, Владата обезбеди 125 милиони евра. Според министерот за финанасии, ова поголемо задолжување во однос на првичниот план било поголемо поради зголемениот интесрес на банките, односно домашните кредитори. Задолжување од 241 милион евра, раздолжување од 178 милиони евра.. Ако се анализира последниот месец од првиот економски квартал, во кој покрај редовните, Владата спроведе и едно интервентно задолжување, податоците упатуваат на тоа дека само во март Владата од домашните кредитори позајмила 241 милион евра. Во оваа сума е вклучено и вонредното задолжување од 21 милион евра што беше спроведено а не беше најавено во Календарот за државни хартии од вредност,  во првата недела од март. Еве колку пари се задолжи владата во текот на март: 3 март ( вонредно)                 21 милион евра 10 март                                    95 милиони евра 24 март                                  125 милиони евра Според министерот за финансии Зоран Ставрески, поголемите задолжувања во однос на планираните се резултат на големиот интерес на домашните кредитори. “Задолжувањето е поголемо бидејќи вчера банките имаа огромен интерес за купување на домашните хартии од вредност поради поволните каматни стапки.  Постапивме онака како што се постапува и на светските пазари“,  изјави министерот Ставрески. Ако пак се направи споредба на реализираните во однос на планираните задолжувања, само во текот на март Владата се задолжила повеќе од двојно. Имено Владата, според проспектите за задолжување планираше да позајми скоро 120 милиони евра, а на крајот се задолжи со 241 милион евра. По основ на доспени долгови, во истиот месец Владата се раздолжи 178 милиони евра. Еве колку пари раздолжи Владата во текот на март: 4 март                               46 милиони евра 11 март                              47 милиони евра 25 март                              85 милиони евра Ако се направи споредбена анализа на позајмените и вратените пари, само за еден месец, државата создала нов долг од 63 милиони евра, а според планот не само што не требало да се генрира нов долг, туку тој требал да се намали во текот на март. По спроведеното вонредно мартовско задолжување, дел од економистите ја отворија дилемата околу ликвидносната кондиција на буџетот. “Според мене интревентното задолжување покажува дека нема ликвидност во буџетот, односно или дека приходите се мали или дека расходите се големи.  Владата не можела да обезбеди пари за да ги врати доспеаните долгови, па се задолжила. Можно е е друго сценарио, односно дека Владата се задолжила поради претпазливост, односно ликвидносната состојба да е на граница, па се обезбедиле пари поради претпазливост, но сепак и тука причината е ликвидносната кондиција на буџетот“, смета универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финанасии Никола Поповски. Она што исто така, според дел од економистите е значајно, е структурата на долгот според рочност. Имено, Владата годинава почна со позајмувања кои ќе се враќаат и по 15 години, односно до 2030 та година. Сепак, засега интересот на кредиторите и натаму е најголем за пократкорочните обврзници до една, три или пет години. Неодамна Владата предвреме го врати кредитот кон ММФ во вредност од 312 милиони долари, со што според проценките на Министерството за финансии се направи буџетска заштеда од 5 милиони евра. Дел од економистите оценија дека  оваа одлука на Владата позитивно ќе се одрази врз финансиската позиција на Македонија. Други пак сметаат дека потегот беше поплулистички. Заклучно со декември, вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ ..      

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката