Задолжувања 2014 та: Пред изборите – повеќе задолжување отколку раздолжување !
Објавено во: Финансии 07 Јануари, 2014 08:37
“Посебен акцент ќе се стави на продолжување на рочноста на постојното портфолио на државните хартии од вредност, кое се состои од 2,3 и 5 годишни државни обврзници, со издавање на 7 и 10 годишни државни обврзници. Особен интерес за вложување во долгорочните хартии од вредност издадени од Република Македонија се очекува од Пензиските друштва, како и од банките и осигурителните компании“ – пишува во Фискалната Стратегија на владата.Економистите се поделени за тоа од кои извори треба да се финасираат дефицитите. Дел сметаат дека во услови на неизвесност на меѓународните финасиски пазари, Македонија не треба да ризикува задолжувања со високи камати. Дел пак, велат дека задолжувањата на домашен терен ја “гушат“ економијата поради врзување на големи суми пари од сметките на банките на сметка на државата, наместо за кредитирање на фирми и на граѓани. Растат долгорочните задолжувања! Токму задолжувањата на домашен терен претставуваа скоро 40% од Јавниот Долг на Централната Влада. Заклучно со ноември, долгот на Владата кон домашните кредитори надмина 1 милијарда евра. Анализата на структурата на долгот покажува дека има значаен пораст на долгорочните задолжувања на кои отпаѓаат дури 34,3% од домашниот долг. На почетокот од 2013 та година, долгорочните долгови учествувале со само 5,26%. И натаму со 55,7% најолем удел во кредитирањето на Владата имаат комерцијалните банки, но нивното учество се намалува. За разлика од нив, расте улогата на Пензиските фондови кои имаат удел од 24,7%. Во јануари, лани нивното учество било само 4,6%. Меѓународните финансиски институции, дел од експертите и гувернерот Димитар Богов оценија дека оваа економска година треба да забави темпото на натамошно билдање на Јавниот Долг на Централната Влада, во кои се вклучени домашните и странските кредити. Неодамна премиерот Никола Груевски изјави дека Македонија останува во зоната на умерена задолженост и дека Владата внимателно ги менаџира сите идни задолжувања.
“Кога ние дојдовме во Владата во 2006-та долгот на Македонија беше речиси 40 отсто од БДП. Во следните две години предвремено се раздолживме и имавме добри економски години. Имаше критики во тоа време дека не е паметно предвремено да се раздолжуваме, но ние мислевме дека тоа ќе ја доведе земјата во една поинаква ситуација. Со тоа раздолжување стигнавме до 25 отсто државен долг. Тогаш никој од нас не знаеше дека следува европска и светска криза. Но, тој потег ни беше од голема помош за времето на криза. Кога земјите се бореа со долгови, кога бараа начини да излезат од тоа, ние имавме 25 отсто долг“ - рече Груевски, додавајќи дека во најтешката криза во 2009-та Македонија имаше трет најмал пад на економијата.Само за пет години, или од почетокот на 2009 та година до сега, Јавниот долг на Централната влада е дуплиран. Најниското ниво на јавен долг е измерено во 2008 ма година, кога тој изнесуваше 1 милијарда и 390 милиони евра или 20,6% од Бруто Домашниот Производ. Тоа беше година кога владата реши да се раздолжи главно кон странските кредитори, предвреме враќајќи ги кредитите. По оваа операција на раздолжување, веќе во 2009 та година државата го почна процесот на нови задолжувања. А.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





