ЗАДОЛЖУВАЊА: Растат долговите на банките, фирмите и на граѓаните кон странство!
Објавено во: Финансии 16 Октомври, 2013
Нов пораст на долговите измери Народната Банка на Македонија. Заклучно со вториот квартал од годинава, Бруто надворешниот долг се искачи на скоро 5,6 милијарди евра. Пораст има и кај краткорочните и кај долгорочните задолжувања. Во исто време, пораст и на задолжувањата од домашните кредитори. Владата наместо 63 милиони евра, по вчерашната аукција на хартии од вредност, обезбеди 73 милиони евра. Денеска на банките и другите домашни кредитори треба врати 63 милиони евра.
Растат долговите на приватниот сектор
Надворешната задолженост на државата и приватниот сектор е во пораст. Заклучно со вториот квартал од годинава Бруто Надворешниот Долг достигна 5 милијарди и 584 милиони евра и во однос на првиот квартал должничкото салдо е зголемено за 106 милиони евра.
Од вкупниот надворешен долг, 3 милијарди евра отпаѓаат на приватниот сектор, кој во споредба со истиот период од 2012, е задолжен со 240 милиони евра повеќе. Најголем дел од овој долг, или 1 милијарда и 673 милиони евра се долгови на компаниите. Податоците укажуваат дека растат надворешните долгови и на домаќинствата и непрофитните интитуции што им даваат услуги на домаќинствата. Така, долговите кон странство на овој сектор, залучно со вториот квартал достигнаа салдо од 9,4 милиони евра.
Според податоците од Народната Банка, државниот сектор должи 1 милијарда и 679 милиони евра а од овие пари 1,5 милијарда евра се по основ на комерцијални заеми. Монетарната власт заклучно со вториот квартал кон странство должи 427 милиони евра а банкраскиот сектор 666 милиони евра. Анализата на трендот на задолжувањата покажува дека во второто тромесечје, пораст на надворешната задолженост во однос на првиот квартал, е регистриран кај монетарниот сектор за 40 тина милиони евра и кај банкарскиот сектор за 50 милиони евра.Еве како изгледа динамиката на задолжувањата кон странство: 2007 ма година 2,8 милијарди евра 2008 ма година 3,3 милијарди евра 2009 та година 3,7 милијарди евра 2010 та година 4,1 милијарда евра 2011 та година 4,8 милијарди евра 2012 та година 5,1 милијарда евра 2013 та година( II к) 5,6 милијарди евраСпоред пресметката, во јуни Бруто Надорешниот Долг достигна 74,6% од Бруто Домашниот Производ ( подаотоци за 2012 та година). Со нови долгови – се враќаат старите
Денеска, по основ на доспеани хартии од вредност, Владата на домашните кредитори треба да им врати 63 милиони евра. Овој потег следи по вчерашното задолжување, кога владата преку аукции на краткорочни и долгорочни хартии од вредност се задолжи со 73 милиони евра. По денешното враќање на стартите долгови, во Буџетот, на раполагање за трошење ќе останат 10 тина милиони евра.
Само по основ на хартии од вредност, државата на домашните кредитори им должи 1 милијарда и 100 милиони евра. Министерството за финансии веќе најави дека Владата ќе се сврти кон задолжувањата на домашен терен и дека овој извор ќе биде клучен за финансирање на продлабочениот буџетски дефицит од 3,5% на 3,9% од Бруто Домашниот Производ. ““Посебен акцент ќе се стави на продолжување на рочноста на постојното портфолио на државни хартии од вредност, кое се состои од 2, 3 и 5 годишни државни обврзници, со издавање на 7 и 10 годишни државни обврзници. Особен интерес за вложување во долгорочните хартии од вредност издадени од Република Македонија се очекува од пензиските друштва, како и од комерцијалните банки и осигурителните компании“ – пишува во Фискалната Стратегија на Владата. Економистите се поделени за тоа од кои извори треба да се финасираат дефицитите. Дел сметаат дека во услови на неизвесност на меѓународните финасиски пазари, Македонија не треба да ризикува задолжувања со високи камати. Дел пак, велат дека задолжувањата на домашен терен ја “гушат“ економијата поради врзување на големи суми пари од сметките на банките на сметка на државата, наместо за кредитирање на фирми и на граѓани. Задолжувањата на домашен терен веќе достигнаа скоро 40% од Јавниот долг на Централната Влада. Носечки кредитори на Владата се комерцијалните банки и Пензиските фондови на кои отпаѓа скоро 80% од долгот по основ на хартии од вредност.Анализата на уделот на кредиторите покажува дека од почетокот на 2012 та година драстично е зголемено учеството на Пензиските фондови, односно ако во јануари 2012 та година тие во долгот учествувале со 4,6%, во август 2013 та овој процент се искачи на скоро 23%. Овој тренд следува откако Владата законски ги обврза пензиските фондови предвреме да ја продадат Еврообврзницата и слободните пари да ги вложуваат на домашен терен. Од друга страна, банките забавија со купување на државни записи, но и натаму тие се сметаат за клучни кредитори на кои отпаѓа половина од долгот. Интересот за записи е намален кај Осигурителните компании и штедилниците.
А.Д.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.