ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Нови 73 милиони евра – долг кон домашните кредитори
Објавено во: Финансии 15 Октомври, 2013 19:54
По еднонеделна пауза, Владата денеска повторно се задолжи кај домашните кредитори. Преку две аукции на државни записи и една аукција на државна обврзница обезбеди 73 милиони евра, или 10 милиони евра повеќе отколку што претходно беше најавено во Проспектите на Министерството за финансии.
Според објавените резултати, најголем дел од парите, или 71 милион евра се обезбедени преку продажба на краткорочни хартии од вредност за кои Владата плаќа камата од 3,15 % односно 3,60%, во зависност од валутната клаузула. Вредноста на обврзницата, со рок на доспевање од 5 години и камата од 4,60%, изнесува 2 милииони евра.
Последното задолжување на домашен терен се случи на 1 во октомври кога државата планираше да обезбеди 77 милиони евра, но на крајот од денот се задолжи со скоро 115 милиони евра, или 40 тина милиони евра повеќе од првичниот план.Министерството за финансии веќе најави дека Владата ќе се сврти кон задолжувањата од домашните кредитори и дека овој извор ќе биде клучен за финансирање на продлабочениот буџетски дефицит од 3,5% на 3,9% од Бруто Домашниот Производ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





