05 Декември, 2025
0.0307

ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Повлечен кредит од 52 милиони евра од Светска банка за нови патишта

Објавено во: Финансии 21 Октомври, 2014 19:19

Добивај вести на Viber

Макеоднија ја повлече првата транша од одобрениот заем за инфраструктура од Светска банка. Станува збор за 52 милиони евра, од вкупно одбрените 400 милиони долари со Стратегијата за партнерство со оваа финансиска институција. Парите ќе се користат за изградба на неколку патни правци, објави првиот финансиер Зоран Ставреск, кој денеска ги потпиша договорите за заем со директорката на канцеларијата на Светска банка во Македонија, Татјана Проскурајкова. „Со овие пари ќе се финансира изградба на патните правци Бошков Мост - Дебар, Ресен - Буково и Битола - Макази. Станува збор за заем за долгорочно финансирање, кој е обезбеден под поволни услови, односно со варијабилна каматна стапка која во моментов изнесува 0,6 отсто, како и со рок на отплата од 23 години, и со шест години грејс период“, вели Ставрески. Дополнително од СБ следната година треба да се одобрат околу 100 милиони евра за изградба и реконструкција на повеќе патни правци. Меѓу нив се Пробиштип – Ски-центар „Пониква“, Тораница- Саса, Старо Коњарево - Ново Коњарево, Гарски мост - Извор и Ранковци - Крива Паланка. Ставрески уверува дека земјава ќе нема проблеми кредитите да ги врати. „Сите средства се обезбедени навреме, предвреме би рекол. И Македонија нема никаков проблем со нивото на долгот, со обврските што ги има за следната година и за среднорочениот  период за следните 10 години сосема навремено и редовно да ги подмирува обврските и да ги изгради сите патишта, пруги, енергетски објекти, водоводи, канализации, училишта и се друго што е предвидено со тие средства“, нагласи тој. „Заемот не и е даден на Владата како некој спас, туку се работи за долгорочна инвестиција“, нагласува Проскурјакова. Средствата од Стратегијата за партнерство со Светска банка, освен за инфраструктура, ќе се трошат и за транспорт, енергетска ефикасност, управување со јавни финансии и социјална заштита.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката