05 Декември, 2025
0.0417

ЗАДОЛЖУВАЊЕТО РАСТЕ, БАНКИТЕ „ПООТВОРЕНИ“ КОН КОМПАНИИТЕ – се менуваат ли трендовите во секторот

Објавено во: Финансии 23 Декември, 2024 07:43

Добивај вести на Viber

Граѓаните и компаниите од домашните банки подигнале кредити во вредност која надминува 7,8 милијарди евра. И најновите податоци кои ги сподели Народната банка на Македонија покажуваат дека кредитното задолжување кај граѓаните и кај компаниите во земјава продолжува да расте.

Согласно податоците за месец ноември, вкупните кредити се зголемени за 0,7 проценти во споредба со претходниот месец. Ако се погледнат податоците малку порано, ќе се види дека на годишно ниво задолжвуањето се зголемило за 9,7 проценти. Притоа, месечниот и годишниот раст се резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поголем придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.

Бројките откриваат дека компаниите на банките им должат 3,7 милијарди евра, додека домаќинствата должат благо над 4 милијарди евра.

-  Кредитите на корпоративниот сектор , во ноември, остварија месечно зголемување од 0,8 отсто коешто се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, растот од 11,5 проценти во целост произлегува од зголемените кредити во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута – нагласуваат од Народна банка.

Воедно од централната банка дополнуваат дека кога се кредитите на граѓаните во прашање, таму бил забележан раст од 0,7 проценти на месечна основа. Додаваат дека има скоро сличен раст меѓу кредитите во странски валути и во денари. На годишно ниво, кредитите на домаќинствата пораснале за 8,2 отсто, кој во голем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

-  Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во ноември, најзастапените категории − потрошувачките и станбените кредити бележат месечно зголемување од 0,7 отсто и 1,2 проценти. Годишен раст од 7,3 отсто и 11,6 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалија за 0,7 проценти на месечна основа, додека на годишна основа растат за 10,8 отсто. Кредитите одобрени на кредитни картички, во ноември, забележаа месечен и годишен пад од 1 процент и 9,2 отсто. Во ноември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи бележат месечно намалување од 4,7 отсто и 0,3 проценти, соодветно, при остварено годишно намалување од 4,8отсто и 14,3проценти – укажуваат од централната банка.

Од Народната банка оценуваат дека депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст и движењата засега се подобри од очекувањата за последниот квартал од годината.

Банкарите исто така неодамна пресметаат дека просечната каматна стапка на вкупните кредити во октомври за корпоративниот сектор изнесува 5,09 отсто и е намалена за 0,06 п.п. на месечно ниво.

-  Анализирано по валута промената се должи на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула, каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула. Споредено на годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,28 п.п. Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,65 отсто и оствари месечен пад од 0,13 п.п – укажуваат банкарите.

П.О. 

Фото: Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката