05 Декември, 2025
0.0346

ЗАЕМИ: Од каде ќе се најдат пари за финансирање на државните трошења?

Објавено во: Финансии 16 Септември, 2015 07:48

Добивај вести на Viber

Ново задолжување, Владата од домашните кредитори бара на заем 3,2 милиони евра. Најновите податоци на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со август, внатрешниот долг изнесувал скоро 1,2 милијарди евра.  И натаму најголем кредитор на Владата се банките, кои во вкупната структура на внатрешниот долг, учествуваат со 45,16%. Со ребалансот на Буџетот, Владата до крајот на годинава планира значајно да го зголеми вантрешното задолжување, но од каде ќе обезбеди пари? Ребалансот предвидува раст на домашниот долг .. Владата повторно се задолжува на домашен терен. Се работи за продажба на обврзници вредни 3,2 милиони евра со рок на доспевање од три, десет и петнаесет години. Најголем дел од парите или 1,3 милиони евра треба да ги обезбеди преку продажба на обврзници што ќе се радолжуваат по 10 и 15 години. Со ребалансот на Буџетот 2015, Владата направи сериозни промени во структурата на задолжувањата. Имено, во првата буџетска верзија, Владата на домашен терен планираше да се задолжи со 84,3 милиони евра, но со ребалансот оваа сума се зголеми на 383,6 милиони евра. Домашни извори на финансирање: Буџет 2015                           84,3 милиони евра Ребаланс на Буџет 2015  383,6 милиони евра. За разлика од домашните задолжувања, Владата со ребалансот предвидува намалување на задолжувањата од странство. Странски извори на финансирање: Буџет 2015                            262,7 милиони евра Ребаланс на Буџет  2015     70,5 милиони евра Ако се сумираат задолжувањата што Владата ги планира до крајот на годинава, тогаш во однос на првичната буџетска проекција, внатрешното задолжување го зголемила  за скоро 300 милиони евра а надворешното го намалила за 192 милиони евра. Кој ќе ја финансира Владата? Со растот на внатрешниот долг, според  дел од економистите се отвораат неколку прашања. Едно од нив е зошто Владата не се потпира на кредитните линии што ги нудата меѓународните финансиери, особено што во овој момент Македонија  нема никаков кредитен аранжман со ММФ, со што има простор  за преговори за можен нов кредит. Второто прашање е поврзано со последиците од домашното задолжување  врз  економијата. Со повлекување на пари од домашните кредитори ( меѓу кои најголеми се банките), практично се повлекуваат милионски суми на пари, кои наместо за кредитен  пласман  кон фирмите и граѓаните, ќе завршат врзани за државни хартии од вредност. Во случајов,  овие милионски суми што Владата  ќе ги повлече веќе имаат долгорочна клаузула, односно ќе се враќаат по една и повеќе децении. Најновите податоци на Министерството за финансии покажуваат дека заклучно со август  само на банките, по основ на државни хартии од вредност Владата им должи 540 милиони евра, или толку пари пасивно се врзани за ниски, но неризични државни камати. Во вкупната структура на внатрешниот долг, банките учествуваат со 45,16% и нивното учество во периодот шт измина благо се намалува, на сметка на зголемување на учеството на осигурителните компании и на пензиските друштва кои учествуваат со 6,28% односно 31,15%. Сепак, познавачите велат дека Владата ќе се потпира на банките, односно дека клучен извор за финасирање на домашен терен ќе бидат банките, со оглед на тоа што тие располагаат со најголема ликвидност, односно слободни парични средства. Јавниот долг – жешка тема ... Висината на јавниот долг и темпото со кое Македонија се задолжува, според економистите се две прашања кои станаа актулени по 2009 та година, кога почна темото на раст на Јавниот долг, но и подоцна кога државата запре со обајвување на податоците за вкупниот Јавен долг, објавувајќи ги само оние кои се однесуваа на долгот на Централната Влада. По последниот извештај на ММФ, во кој се нотираше Јавниот долг и потребата од консолидација на буџетскиот дефицит, кој практично се финансира со внатрешните и надворешните задолжувања.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката