05 Декември, 2025
0.0291

„ЗАЕМОТ ОД УНГАРИЈА ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОСЕБНА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА“: имаме 15 години да го вратиме - опозицијата обвинува за корупција

Објавено во: Финансии 12 Септември, 2024 07:41

Добивај вести на Viber

Законот за задолжување од Унгарија веќе е пред собраниските пратеници, заедно со Договорот кој нашата земја, или поточно министерката за финансии треба да го потпише со унгарската Експорт- Импорт Банка.

Предлагачите потенцират дека целта на овој заем е унапредување на постојната и воспоставување на посебна економска соработка со Унгарија.

-  Основно начело врз основа на кое се заснова овој предлог на закон е обезбедување на средства за буџетско финансирање и финансирање на општи цели согласно одредбите од Договорот за заем и важечките закони. Оттука, Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии и Унгарската експорт - импорт банка ќе склучат Договор за заем.

Вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Унгарската експорт - импорт банка на Македонија изнесува 500 милиони евра. Заемот ќе биде доделен на нашата земја со рок на отплата од 15 години, со грејс период од 3 години и треба да биде повлечен во една транша.

Каматната стапка за позајмицата од Унгарија е фиксна и изнесува 3,25 отсто.

Во законот е исто така посочено дека Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 отсто од заемот на годишно ниво.

- Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност.

Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Дополнително, Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата – се нагласува во законот доставен во Собранието.

Предлагачите бараат законот да се донесе по скратена постапка, а секако отплатата ќе оди преку Буџетот на Република Северна Македонија.

Во Законот е истакнато дека Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата. Како што истакна премиерот провизијата за правни услуги ќе не чини 70 илјади евра, при што истакна дека тие се најнискиот трошок што сме го платиле за правни услуги и дека тоа е вообичаена процедура.

-  Од овие половина милијарда што ќе бидат земени како заем, 70 илјади евра се трошоците и тоа е нешто повеќе од 0,1 процент. Во однос на еврообврзницата земена во 2017 година која доспева во јануари 2025, нашите анализи велат ако излеземе на меѓународeн пазар за да ја вратиме оваа еврообврзница од 500 милиони евра, каматната стапка што може да ја добиеме е меѓу 5,5 и 6,5 проценти. Ако Европската централна банка ги намали каматните стапки, ќе излеземе на меѓународниот пазар и ќе се обидеме да обезбедиме пониска каматна стапка, но доколку е повисока од 3,25 проценти, тогаш ќе ги повлечеме и другите половина милијарда за да го вратиме овој долг - посочи Мицкоски на прес-конференцијата.

Во Законот исто така е посочено дека со обезбедувањето на овој заем ќе се унапреди постојната и ќе се воспостави посебна економска соработка со Унгарија, додека средствата од заемот ќе се користат за буџетско финансирање и финансирање на општи цели согласно одредбите од Договорот за заем и важечките закони.

Од друга страна опозицискиот лидер вели дека корупцијата во Законот за кредитот од Унгарија се гледа од авион.

-  За жал морам да констатирам дека корупцијата во овој Закон се гледа од авион. Имено, како никогаш досега една фирма ќе биде одговорна за провизиите, ја назначува унгарската банка која ги дава парите, тоа никогаш не било сценарио и не се случило во нашата земја. Секогаш кога имало меѓународна куќа таа била етаблирана, позната и ја обезбедувала државата со цел да се заштити. Сега некој друг ни кажува кои адвокати и која фирма ќе ги земе тие провизии. За жал, сметам дека тоа е еден голем корупциски проект, генерации и генерации ќе плаќаат понатаму камати – посочува Венко Филипче, претседател на СДСМ.

П.О.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката