Заев: Целосна реформа на тајните служби, судот и медиумите, нов закон за јазиците за граѓанска Македонија
Објавено во: Македонија 10 Март, 2017 13:45
Никогаш повеќе да не се повтори скандал со масовно прислушување на граѓаните и затоа тајните служби целосно ќе се реформираат за да и служат на Македонија. Ќе обезбедиме реформски потези во делот на медиумите според препораките на Европската Унија и граѓанските организации за да обезбедиме професионални медиуми. Ќе се реформира МРТВ за да работи независно, а не во функција на една партија.
Граѓаните треба да знаат дека ефикасни и функционални институции се неопходни, на нив им треба професионална услуга и служба. Административците ќе работат слободно и без притисоци. Потребата од чист воздух, проодни патишта, болници, училишта е заедничка за сите граѓани. Соодветна и правична застапеност на сите граѓани во власта без оглед на етничката припадност. Ќе го решиме проблемот со административци кои земаат плата без работни обврски, па новата влада ќе го објави овој список.

Целосно расветлување на Кумановските настани и иницијаторите со меѓународна помош, со цел обезбедување на потполна доверба кај граѓаните во конечните резултати. Ќе се поведат постапки за расветлување на случаите Монструм, Мартин Нешковски, Сопот и Никола Младонов.
Ќе дадеме нов предлог закон за употреба на јазиците, тоа мора да биде исклучиво според Уставот и да биде прифатливо за партиите со кои обезбедивме 67 пратеници за новата влада согласно нашата определба за едно општество за сите.
Новата влада ќе води политика во која Македонија ќе се гради како граѓанска држава во која сите ќе бидат еднакви. Ќе поддржиме јазична политика во согласност потребите на граѓаните. Со овој јазик ќе се прошири службената употреба на јазикот кој го користат 20% од етничките заедници во државните институции. Некои општини во Македонија се двојазични, тројазични и четиријазични, на секоја етничка заедница ќе и биде овозможено да го користи својот јазик. Со тоа не губат другите граѓани, а добива Македонија. Лага е дека сите граѓани, ученици и службеници ќе мора да учат одреден јазик или дека ќе мора да плаќаат казни, посочи Заев при презентацијата на главните определби од програмата на новата влада која чека мандат.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




