Заев до пратениците: Да си го простиме 27 април и да гласаме за државата да оди напред
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018 12:12
Образложувајќи го предлогот премиерот Зоран Заев потенцираше дека сега најголемата одговорност за иднината на земјата е во рацете на пратениците. Ги повика сите да гласаат по сопствена волја, особено оние што се двоумат, да размислат како ќе гласаат.
„НАТО и ЕУ се ретка работа која не обединува .
Заради политиката ни е подделено општеството, дури до омраза во семејството кое е основна клетка и затоа е крајно време да им кажеме стоп на поделбите. Заедничка ни е Македонија но и обврската кон граѓаните. Еве прилика да си простиме, да кажеме доста е, да си простиме пред грешките. Ајде да почнеме од тој април 27 кога прва мета бев јас, а потоа сите други пратеници кои беа мета на изманипулирани поединци“, посочи премиерот.
- Погледнете во иднината, во иднината на вашите деца, рече премиерот, додавајќи дека волјата на граѓаните е државата да оди напред, рече премиерот.
Политичарите доаѓаат и заминуваат, но нема друг начин, ако ние овде не се помириме, нема иднина за нашата земја, ако прво ние овде во Парламентот не си простиме, заради интересите на нашите граѓани.
Вашата историска улога ја очекуваат сите граѓани, но и светот кој едногласно ги подаде рацете и ја прифати нашата земја, додаде премиерот“, кажа премиерот.
Другиот избор, според него, ќе не фрли во изолација, и ќе ни ги врати назад политичките трауми што ги проживеавме во последните 27 години, а особено последните неколку години.
„Ајде да и дадеме на Европа една стабилна Македонија и Блакан кој нема да биде буре барут.
Погледнете длабоко во вашите срца, повикајте ја вашата совест, а историјата ќе ја запамети оваа одлука, за добро или за лошо“, посочи Заев кој секој пратеник го повика да одлучи по слободна волја.
Владата , дополни дека е подготвена да биде максимално подготвена за прифаќање на амандмани, но да бидат во духот на договорот од Преспа.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




