Заев: Еуростандард банка има квалитетен имот, очекувам да се обесштетат и штедачите над 30 илјади евра
Објавено во: Финансии 20 Август, 2020
Мандатарот за состав на новата Влада, Зоран Заев, верува дека од стечајната маса на Еуростандард банка ќе има пари да се обесштетат и штедачите над 30 илјади евра, со оглед што банката има квалитетен имот, особео главната зграда, како што рече, во центарот на Скопје.
Тој е дециден дека Фондот за осигурување на депозити има 17,5 милијарди денари на своите сметки, кои што се вложени во хартии од вредност во државата и во други институции, а обештетувањето за Еуростандард банка е 4,4 милијади денари, значи околу една четвртина од износот со кој располага Фондот.
„Верувам дека покрај депозитите до 30 илјади евра кои што се гарантирани од самиот Фонд, и сите други депозити над 30 илјади евра ќе бидат обештетени од стечајната маса. Тоа е работа на стечајниот управник. Има квалитетен имот во делот на Еуростандард банка, главната зграда во центарот на Скопје, испостави насекаде низ државата. Очекувам од стечајната маса да биде обештетен и Фондот за осигурување на депозити кој ќе исплати 4,4 милијарди денари“, рече Заев.
Заево ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање, по синиќешната седница на Централниот одбор на СДСМ.
„Јас како претседател на Владата уште во 2019 година бев информиран за состојбата во Еуростандард банка од извештаите кои редовно ги добивав, за намалување на адекватноста на капиталот, докапитализацијата и за сите движења кои што се случуваат“, рече Заев, но нагласи дека надлежноста е комплетно на Народната банка.
„Ниту Владата, ниту премиерот, ниту било кој ресор имаат било каква надлежност во банкарскиот сектор. Секако, секоја политичка влада секогаш им укажува на сите да се најде решение, да се најде инвеститор“, објасни Заев.
И кога постоеше техничка влада во земјава, тој како лидер на владејаќката партија бил запознаен дека до последен момент се правеле напори да се најде стратешки инвеститор за Еуростандард, а за НБМ рече дека флексибилна. Сепак, на крајот, согласно законот, гувернерката и нејзиниот тим донеле одлука.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.