Заев ги има потписите од БЕСА и Алијанса за Албанците
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги доби потписите од БЕСА и од Алијансата за Албанците.
Заев сега може да го побара мандатот за формирање на нова Влада од шефот на државата, Ѓорѓе Иванов. Зијадин Села од Алијанса за Албанците вели дека тие се подготвени да бидат дел од владата, но ако бидат прифатени точките од заедничката платформа на партиите на Албанците.
Села прашува каква смисла би имале изборите и владата ако тие станат дел од една влада каде ќе се спроведуваат платформи и програми на други партии.
Еден од главните услови е Законот за албанскиот јазик, расветлување на монтираните политички случаи, декриминализација на институциите, да се запре иселувањето и слично.
Откако ги доби од ДУИ десетте потписи, заедно со нивните 49, но и со оние на БЕСА и Алијанса за Албанците, СДСМ обезбеди мнозинство од 67 мандати. Останува само гаранцијата за мнозинсто во парламентот да се достави до Иванов.