14 Ноември, 2025
0.0355

Заев: Ги информираме Грците за измените кои ги бараат опозициските пратеници

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2018 13:23

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев за медиумите изјави дека редовно ја информира грчката страна за сите амандмански измени во Уставот што се планира да се направат надвор од Спогодбата во Пресдпа а во согласност со барањата на опозициските пратеници кои се приклучија кон двотретинското мнозинство.

-Знаете дека е консултирана и грчката страна. Тоа не е обврска од Договорот, но во духот на партнерството и пријателството ред е да презентираме што македонскиот Парламент ќе одлучува во периодот што доаѓа, затоа што е тоа нацрт фаза и во текот на расправата по самите уставни амандмани може да се надополнуваат со амандмани. Значи, на јавната расправа и на конечната верзија на амандманите што ќе дојдат.  Верувам дека до петок ќе стигнеме со сите неопходни консултации, истакна премиерот Заев.

Тој изрази увереност дека во процесот на помирување ќе се приклучат сите пратеници од опозицијата за да се направат потребните реформи.

-Секој може да има свој аспект, ние сме демократска влада. Јас го почитувам начинот на разгледување, на посветеност да се постигне конечната цел, а тоа е еден вид национално обединување-интеретничко и интраетничко што ни треба во Македонија. Јас зборувам за помирување, не зборувам за амнестија. Помирувањето, како процес, ќе го видите преку едно координативно тело во Собранието каде што ќе работи на севкупното сегашно помирување, но и перспективите што се отвораат пред Македонија. Како ќе се носат одлуките ние тоа ќе го соопштуваме во јавноста, но едно знам – настаните од 27 април се одлична можност да го изградиме тоа помирување. Има многу убави и демократски познати модалитети како тоа да се прави, но низ системот, низ ова координативно тело, треба токму тоа да го правиме. Тоа е само еден мал сегмент затоа што е добро што почнува од Парламентот како врв на демократијата и највисока институција во РМ за да може да го очекуваме и по вертикала надолу до општините, па дури до последната клетка на нашето опшетство, а тоа е семејството, рече Заев.


Можеби ќе ве интересира

Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана

Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Драги Митковски ќе седне на директорското столче

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Драги Митковски ќе седне на директорското столче