Заев го предава барањето за мандат: Од Иванов зависи идната Влада!
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017 09:27
Опозицискиот лидер Заев денеска на претседателот Иванов ќе му достави 67 потписи неопходни за формирање на влада и ќе го побара мандатот.
Тој рече дека ги собрал потребните потписи, како и дека се надева оти процесот на формирање влада ќе биде готов во следните 10 дена.
И еврокомесарот Јоханес Хан и НАТО побараа минатата недела од претседателот Иванов мандатот за формирање влада да му го довери на Заев, бидејќи СДСМ објави дека осигурал мнозинска поддршка во Собранието.
Иванов претходно рече дека мандатот ќе и го даде на партијата која собере најмалку 61 потпис за поддршка во парламентот, кој има 120 пратеници.
Изборите се одржаа во декември, а Иванов прво мандатот му го довери на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Меѓутоа, неговите преговори со водечката албанска партија ДУИ не успеаа.
Груевски против формирање Влада
ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ја поддржи малцинската влада на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), ако се откаже од Законот за јазиците и т.н.. „Тиранска платформа“. Таков предлог упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кон лидерот на СДСМ Зоран Заев преку социјалните мрежи.
Груевски му препорачува на Заев , ако сака да дојде на власт, да спроведува изборна програма, без да влијае на државните и националните интереси.
Пред тоа, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се посочуваше дека како партијата се противи на обидите да биде игнорирана како волјата на мнозинството Македонци, така и волјата на членовите на останатите етнички заедници, кои дале својот глас за коалицијата „За Подобра Македонија“.
„Реализацијата на „платформата од Тирана“ и обидите за наметнување на албанскиот јазик како официјален, претставуваат преопределување на Република Македонија и се во спротивност со мултиетничкиот карактер на државата, поставувајќи ги претставниците на останатите етнички заедници во подредена позиција“, се вели во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




