Заев го „таксаше“ Груевски за градоначалник на Идризово
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2016 21:48
Зоран Заев жестоко го нападна неговиот главен ривал Никола Груевски во кампања која кулуминира денес со бројни меѓусебни обвинувања. Од митингот пред граѓаните на Гази Баба, Зоран Заев на Никола Груевски му предвиде дека единствена политичка функција која во иднина ќе ја извршува е „градоначалник на Идризово“ алудирајќи на истражните процеси во кои екс премиерот е осомничен.
- На сите им е јасно и на Груевски, сè има почеток и крај. Гази Баба цели 26 години е под чизмата на власта, под режим. Во оваа општина и во Стајковци харала банда. Гази Баба даде збор, немојте да си го газите зборот. Дојде време да се згази овој режим. Овде велеа со крената глава. Со што? Со 23 жртви од поплавите, со заминати млади и украдени милијарди? И врапците знаат дека Груевски заминува и дека доаѓа слобода. Да го утепаат странски служби, гревче стана човекот. Се заканува со убиства. Миленко новинарот се заканува. Јас душата ја давам за Македонија. Знаат како се умира на рати. Од премиер се сторил градоначалник. Нему местото му е градоначалник во „Идрзиово“ - рече Заев.
Заев порача и дека секој кој сторил криминал или пак ќе се обиде на овие избори да врши нелегални активности за поткуп или заплашување на гласачи ќе одговара. На граѓаните им рече дека треба слободно да гласаат и да одберат стабилна иднина со економски развој преку програмата „План за живот“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




