Заев и Николовски се негативни на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Октомври, 2020
Откако министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски соопшти дека е позитивен на коронавирусот, се тестираа премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски при што и двајцата се негативни.
„Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со ковид-19“, напиша Заев на Фејсбук.
Заев кажа дека немал директни контакти со Спасовски, а контактите што ги остварил биле со почитување на заштитни мерки.
Николовски напиша дека поради природата на неговата работа се тестирал и е негативен. И тој упати апел да се почитуваат мерките.
Спасовски пак ќе работи од дома, и соопшти дека има лесни симптоми.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.