ЗАЕВ КРИЕ МАТЕРИЈАЛИ, обвинуваат родителите на едно од загинатите деца кај Смилковско Езеро
Објавено во: Македонија 17 Април, 2018 12:15
Родителите на децата што беа убиени кај Смилковското Езеро на денешното рочиште побараа да се утврди улогата на обвинетите и како тие се поврзани со настанот, односно да се видат пораките на петте функционери на ДУИ.
„Се слушаше гласот на Фејзи Азири и непознатото лице: „Вечерва сонував лош сон. Сонував како му ги врзуваат рацете на момчето и плачев. Си велев, да не нè се израдувам, да не нè го завршам тој никаквец“, цитира Зорица Наќевска, мајката на Александар, дел од транскриптот од разговоритеa, а пренесува Макфакс.
„Сите што си поигруваат со нашите деца треба да се плашат од тие солзи“, рече додаде Наќевска.
Таткото на убиениот Александар, Горан Наќевски, побара премиерот Зоран Заев да биде стражарно приведен и го обвинија дека поради политички причини, иако ветил, не им ги дава имињата на петте функционери од ДУИ кои се дел од прислушуваните разговори. Наќевски додаде дека Заев веќе им покажал транскрипт од разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.
„Сметаме дека во седиштето на СДСМ се наоѓаат тие материјали. Бараме да се изврши претрес бидејќи сметаме дека Заев манипулира и уценува“, рече таткото Наќевски.
Премиерот Зоран Заев пред неколку дена изјави дека пред речиси два месеца се видел со мајките и со семејствата на децата што беа жртви во петкрарното убиство кај Смилковското Езеро и заклучиле дека случајот треба да му се остави на судството.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




