20 Мај, 2024
0.0295

Заев: Моето семејство се занимаваше со земјоделие, затоа што на тој начин се вадеа пари

Објавено во: Македонија 30 Март, 2018

Добивај вести на Viber

На денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија, на тема земјоделие премиерот, Зоран Заев, им испрати пораки на граѓаните дека Македонија има плодно земјиште кое, треба да се искористи за да се зголеми производството на здрава храна. 

Заев го посочи своето семејство како пример дека секој може да се занимава со земјоделство, за дополнителна заработувачка.

„Од бога ни е благословено поднебјето. Ако луѓето немаат мотив да се занимаваат со земјоделство тенденциите ќе бидат опаѓачки. Годинава нема галама, бунтови, штрајкови кај земјоделците, но ова е краткорочно, мора да осигураме профит на долг рок. Еве како пример, татко ми беше магационер во „Зиг Струмица“, а мајката ми наставник, ние сите се занимававме со земјоделие, затоа што на тој начин се вадеа пари, дополнително, екстра. Мораме тоа да го поттикнеме со соодветни политики во земјоделието кои ќе продуцираат ефект“, изјави Премиерот Заев 

Тој додаде дека со земјоделство може да се занимава и инженер, политичар или наставник, затоа што, рече, тоа е она што Македонија го нуди.

„Не може во Србија шест тони жито на хектар, а во Македонија три тони. Исто така мораме субвенциите да ги даваме на време, оти ако не ги даваме на време со нив земјоделците ќе си плаќаат струја. Мораме да отвориме нови пазари за пласман. Ќе увеземе нафта, железо, газ, но треба и да го продадеме тоа што имаме за возврат“, рече Заев.


Можеби ќе ве интересира

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

Компјутерска злоупотреба: Владата нуди надомест од 100 евра!

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект