Заев му откажа ручек на Курц и Хан
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 10:50
Премиерот Зоран Заев му го откажа своето учество на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, кој ги повика на работен ручек во понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан.
Шефот на македонската Влада бил најавен на агендата, но најверојатно поради вонредни обврски ја откажал средбата. Официјалното оправдување било внатрешнополитички прашања.
На ручекот ќе допатуваат шефицата на српската влада, Ана Брнабиќ, премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Душко Марковиќ, претседавачот со Советот на министрите во БиХ, Денис Звиздиќ и шефот на косовската влада, Рамуш Харадинај. Истовремено, на состанокот ќе присуствува и комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
Според најавите на состанокот ќе стане збор за економската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и билатералните конфликти.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




