ЗАЕВ НА ПРЕС ВО 13ч: Пак ќе го бара мандатот или ќе помине на план Б?
Објавено во: Македонија 10 Март, 2017 12:02
Од кабинетот на опозицискиот лидер најавија дека во 13:00 часот во седиштето на СДСМ, пред граѓаните ќе се обрати Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Засега не е познато што ќе биде тема на ова обраќање на првиот човек на СДСМ, но јавноста очекува Заев да ги најави идните чекори во однос на формирањето на новата Влада.
Неизвесно е дали Заев ќе му даде уште една шанса на претседателот Иванов да се предомисли и да му го додели мандатот, или пак ќе одлучи да премине на следните чекори кои ги најави досега неколку пати, односно дека ќе влезат во Собрание и ќе изберат претседател.
Во синоќешната емисија „Патот кон“ на Алсат-М изјави дека има план Б, во случај ако претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов не му го додели мандатот, но и дека се надева дека тој нема да се реализира. „Планот А е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на Претседател на Парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието. Да биде функционален и ќе се обидеме со тој чекор“, рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




