19 Декември, 2025
0.0809

Заев од маршот за рамноправност во Гевгелија: Македонија има храбри жени

Објавено во: Македонија 05 Март, 2017 16:40

Добивај вести на Viber

СДСМ го одржа петтиот марш за рамноправност овој пат во Гевгелија на неколку дена пред празникот на жената 8 март. Покрај пораки за еднаквоста на жената, Заев порача дека граѓаните во Македонија одбрале рамноправност и единство, а македонските жени се особено храбри. 

- Убава е Македонија и заради тоа има женско име, убава е Македонија затоа што ги има најубавите жени на светот, но и среќна е Македонија, заради тоа што има храбри жени, жени борци, борци за својата татковина.

Сите овие години се бориме рамо до рамо, но вие бевте тие кои не мотивиравте, вие бевте тие кои го водевте орото напред и еве сега сме исправени да направиме промена на власта. Ги дочекавме промените од 120 мандати, 67 мандати имаме позади нас и еве `не пред формирање Влада. И мајката, не сакаат власа да ја предадат, банални изговори изнаоѓаат како само и само власта да не ја предадат, а сакаме со убаво, сакаме со убаво затоа што малкумина сме, роднини паѓаме, толку ни е Македонија. Ајде денеска уште еднаш да испратиме порака со лесно, но пред `се и со убаво, да направиме промена на власта. 

Oд овде, од оваа говорница, со оваа прекрасна глетка, ајде на нашите политички противници да им испратиме 20-30 илјади убавини, да ги видат зашто убаво да ја промениме власта. Дозволете со кренати знаменца да направиме една убава слика, со убаво се промени власта.

Oваа убавина преточена во слики ќе ја испратиме и кај Никола Груевски и кај Ѓорге Иванов, со убаво ни одат работите, порача Заев во Гевгелија.

Маршот се одржа под мотото „За рамноправност, за живот“.



Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица