(ГАЛЕРИЈА) Заев: Ова е историски ден, очекувам Иванов да го врачи мандатот во најбрзо време

Објавено во: Македонија, Галерија 27 Февруари, 2017 14:20
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред да влезе кај шефот на државата, Ѓорѓе Иванов изјави дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија.
Тој отиде во вилата Водно за да му ги предаде 67-те потписи од пратеници со цел да го добие мандатот за состав на влада.
„Во рака држам 67 потписи од пратеници од македонското Собрание, кои што гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија. Истовремено, овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Македонија и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во Македонија. Очекувам претседателот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да почнеме преговори за создавање и формирање на нова влада за граѓаните на Македонија “ – додаде Заев.
Заев кажа дека ова е голем, историски ден за Македонија.
ФОТО ФАКТОР
Можеби ќе ве интересира
Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица
Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Тетовските судии во одбрана на Ферати: Досудил најстрога казна за прегазувањето на Тамара

МВР со вонредно предупредување: Чувајте се од „фишинг“ измами

Гол маж приведен во центарот на Скопје, па однесен во психијатриска болница

Фондот за здравство се огради од вработениот кој давал податоци за брзи кредити: Изолиран случај, граѓаните да ни веруваат
