Заев: Потписите се обезбедени, да ги договориме и министрите за новата влада
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2017 13:33
Зоран Заев, претседателот на СДСМ е во официјална посета на БиХ со сестринската социјал-демократска партија каде имаат работен состанок, по кој изјави дека е многу блиску до формирање на нова влада во Македонија.
- Еве вака, синоќа знам дека раководството на ДУИ донесе одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат, поради тоа што како второ рангирана партија бевме условени од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот, по нашиот Устав тој треба да го даде веднаш мандатот. Сега се веќе обезбедени потписите за давањето на мандатот, јас верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето на Влада, заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на социјалдемократите, платформата на албанските политички партии, законот за употреба на јазиците се усогласени. Тоа беа суштествените работи, останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на Владата и верувам дека за некои 10-15 дена Македонија ќе има нова Влада предводена од Социјалдемократите, изјави Заев.

Заев исто така посочи дека наесен повторно ќе ја посети Босна но, во улога на премиер на државата.
- Во Македонија се одржаа кредибилни и регуларни избори, не беа тие до крај фер и демократски, но немаше фалсификат на самите избори, што е многу значајна работа пред `се заради граѓаните, заради кои работат и постојат политичарите и политичките партии. Со социјалдемократите од Босна и Херцеговина имаме многу што да соработуваме. Ние се познаваме и лично, нашите раководства се долгогодишни пријатели и можеме многу што да пренесеме како искуство. Секако денеска потврдив дека на есен ќе бидеме јас и раководството на мојата партија присутни овде во Сараево на една голема регионална средба на социјалдемократите, социјалистите и левичарите, генерално од целиот овој регион, за да размениме искуства, но се надевам дека Македонија ќе биде една убава, позитивна порака за целиот регион, дека е возможно партиите со лева ориентација, социјалдемократите, повторно да добијат шанса од граѓаните и полека да ги нормализираат сите овие национализми, па и радикализми што `се повеќе се појавуваат во мултиетничкиот Балкан, изјави Заев пред босанските медиуми.
Можеби ќе ве интересира
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир




