Заев: СДСМ цврсто ќе стои на црвените линии - Нема промена на име, устав и идентитет
Објавено во: Македонија 08 Декември, 2016 21:25
Зоран Заев беше „осамен“ во ТВ дебатата на Топ Тема бидејќи од дуелот се откажа екс премиерот Никола Груевски. Токму затоа Заев сам одговараше на предвидените прашања за внатрешната политика, економијата и надворешните односи. Заев посочи дека СДСМ ако формира влада ќе ги задржи црвените линии од кои нема отстапување, а истите биле посочени и одржувани и низ изминатите години.
„Треба да биде јасно и постојано да се потенцира. СДСМ ќе ги одржува црвените линии за Република Македонија и тоа значи дека нема промена на уставното име, идентитетот и самиот Устав. За разлика од досегашната власт, која преговараше за 'Горна', за 'Долна' Македонија, лицитираше со Македонија... ние ќе одиме со транспарентен процес. За вакви прашања мора да има референдум. Дури и за помали прашања во едно демократско општество мора да има референдум. Ќе има референдум и политичарите мора да го кажат својот став пред граѓаните пред референдумот, ова е навистина пресериозно прашање. Никој не може во Македонија, мислам дека се нема ни родено таков човек што би дозволил промена на Уставот и промена на нашиот идентитет“, рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




