Заев: Се очекува да се почитува јасно изразена волја преточена во 67 пратенички мандати!
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 18:36
„Посетата на високата претставничка на Европската Унија за безбедносна и надворешна политика претставува сериозна поддршка на европските перспективи на нашата земја.
Среќни сме што при оваа посета на Македонија Европската Унија останува посветена на иднината на Република Македонија до полноправно членство во Европската Унија“, изјави опозицискиот лидер по средбата со високата претставничка од Европската дипломатија.
Заев посочи дека се разговарало за следните средби коишто претстојат во понеделникот со Советот на министри и во четвртокот со Генералниот Совет или Советот на премиери кадешто пред `се од Македонија се очекува да се почитуваат демократските процеси коишто се јасно изразена волја на граѓаните на изборите и преточени во парламентарни мандати.
67-те мандати се нормален демократски основ за давање мандат и обид за формирање на Влада.
„Оттука и очекувањата на Европската Унија се
дека наредната Влада доколку покаже резултат во посветеноста на реформите
Европската Унија преку своите институции ќе има причини повеќе да се посвети
кон убрзување на процесот за започнување на преговори на Македонија за
полноправно членство во Европската Унија“, рече Заев.
Можеби ќе ве интересира
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила




