Заев се сомнева дека Груевски бил киднапиран?
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 18:57
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се надева дека Унгарија нема да му даде азил и дека Македонија ќе стори сѐ за поранешниот премиер, Груевски да се врати во Македонија и да ја отслужи казната затвор.
Заев рече дека се обидуваат да дознаат дали доброволно избегал Груевски или пак е киднапиран.
„Јавно го поставувам прашањето. Дали Груевски доброволно ја напуштил државата, или можеби бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговор“, рече Заев.Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски правдајќи се дека тие побрзале да ги објават бидејќи истрагата не се води кај нив, туку во Македонија.
Тој потенцира дека МВР што побргу ќе излезе со информација како се одвивало бегството и кој помогнал. Едната истрага, како што кажа, ја води внатрешна контрола во МВР, а другата Обвинителството.
Заев изјави дека службите имале информации четири недели претходно што правел и каде се движел Груевски. Тој очекува Унгарија да постапува по меѓународните прописи и да го екстрадира.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




