Заев сепак тврди дека струјата нема да поскапи
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2021
Можам да потврдам дека заради ЕСМ и МЕПСО нема да има покачување на цената на струјата, вели премиерот Зоран Заев.
Заев е убеден дека струјата нема да поскапи. Вели дека за да се ублажи растот на цената на струјата условена од целосната либерализација на пазарот, од 1 јули, како што соопшти, ДДВ-то за струја ќе се намали од 18 на пет проценти.
„Владата испрати јасна порака за поддршка на ЕСМ во делот на цената за поддршка на граѓаните преку намалување на ДДВ. Тоа апсолутно ја става ЕСМ во позиција да формулира цена која нема да предизвика поскапување на струјата заради производствена цена на ЕСМ. Но, секако, Регулаторната комисија е таа што носи конечни одлуки, а тие зависат од дргутие чинители кои учествуваат во составувањето на продажната цена на струјата“, рече премиерот.
Заев објасни дека од 1 јули 2021 до 1 јули 2022 година ДДВ-то ќе изнесува пет отсто, од 1 јули 2022 до 1 јули 2023 година 10 проценти, а од 1 јули 2023 година повторно ќе се врати на 18 отсто. Цената на струјата се зголеми лани.
Инфлацијата се подгрева, а растот на цените ќе продолжи.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.