22 Ноември, 2024
0.0294

Заев: Шумска полиција се закануваше со прекин на договори ако не се гласа за ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, во својство на сведок во случајот „Титаник” денеска во Кривичниот суд Скопје рече дека СДСМ го документирала наводните уцени на институциите за гласови на претседателските и парламентарни избори во 2014 како пријави во Државната изборна комисија, обвинителствата и министерствата.

Заев рече дека околу 150 пријави во тоа време ги доставиле до надлежните институции, но според него никој ништо не постапил, ниту некој реагирал по однос на тие пријави.

– Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и ги закануваа примателите на социјална помош дека доколку не гласат за партијата на власт социјалната помош ќе им биде прекината. Шумската полиција правеше притисок на луѓето кој имаа договори за сеча дека доколку не гласат за ВМРО-ДПМНЕ, договорите за сеча ќе им бидат укинати, изјави сведокот Заев.

Заев ги спомена и Управата за јавни приходи, Пазарна инспекција, Финансиска полиција, кои според премиерот, вршеле притисок врз правните субјекти за да тие точно докажат дека гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Заев, исто така рече дека за сите овие забелешки на опозицијата го информирал тогашниот претседател на владата Никола Груевски иако тој не реагирал.

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави во Основниот кривичен суд Скопје како сведок во случајот „Титаник“.  Станува збор за предметот кој го отвори СЈО а во кој има повеќемина обвинети за изборни нерегуларности.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е азилант во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Обвинителството ги товари за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. 

На претходното рочиште беше најавено дека денеска ќе бидат сослушани повеќе сведоци, меѓу кои и премиерот Заев.

Во 2014 година во Македонија беа одржани две изборни процеси, односно предвремени парламентарни избори за и избори за претседател на државата. Судењето за предметот „Титаник” го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува Лиле Стефанова.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?

ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС ЗАВРШИ СО СКРШЕНИЦА НА ЧЕРЕПОТ ОТКАКО ГО НАПАДНАЛ СОУЧЕНИК: Ќе има ли одговорност за настанот?