29 Мај, 2024
0.0308

Заев со „божиќно обраќање“ за грчка телевизија

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во интервју за грчката ТВ Алфа премиерот Заев зборува за името и  и решение во првите шест месеци од годинава, за Ципрас, Каменос и Мицотакис, за политиката на Груевски и за намерите на Македонија

Емитувањето, како што јавува дописникот на МИА од Атина, е закажано за недела, на Божик, а интервјуто или како што Алфа го нарекува „божикното обраќање“, истовремено, според грчката ТВ, ќе го пренесува и една македонска телевизија.

„Во првото интервју дадено за грчки медиум, ја повторува намерата да придонесе во преговорите со заемни отстапки во прашањето за името на ПЈРМ. Обраќајќи се и кон грчкиот народ и кон народот на неговата земја, Заев вели дека е во интерес и на двете земји да се најде решение за прашањето за името во првата половина на 2018 година“, објавува ТВ Алфа во најавата.

Алфа информира дека Зоран Заев ги отфрла практиките на неговиот претходник Никола Груевски и објаснува зошто не се согласува со позицијата на петходните премиери, дека „Скопјаните се единствени наследници на Александар Велики“, наведува телевизијата во најавата за интервјуто, објавена на нејзиниот сајт и додава дека од разговорот, се откриваат намерите на Скопје и до кој степен е подготвено да направи отстапки.

Интервјуто на македонскиот премиер ќе се емитува во недела во 20 часот по грчко време, веднаш по централното издание на вестите на грчката телевизија. 

Во неделната програма, веќе има вметнато информативна емисија во траење од половина час со наслов „Интервју на Заев на Алфа“.

Можеби ќе ве интересира

Блерим Беџети се откажа од градоначалник, за да биде пратеник

Блерим Беџети се откажа од градоначалник, за да биде пратеник

„Очекувам јасна изјава дека името на земјата е Северна Македонија“: Мицотакис повторно со барање до идниот премиер

„Очекувам јасна изјава дека името на земјата е Северна Македонија“: Мицотакис повторно со барање до идниот премиер

И КИЧЕВСКИ РАСПАЛИ ЗА НЕГОВИТЕ: Дечки ај по дома, доста беше!

И КИЧЕВСКИ РАСПАЛИ ЗА НЕГОВИТЕ: Дечки ај по дома, доста беше!

Битолчанец полово злоупотребил немоќно лице и снимал за Youtube

Битолчанец полово злоупотребил немоќно лице и снимал за Youtube

ФИЛИПЧЕ ОД ПРАТЕНИЧКОТО СТОЛЧЕ: Ќе бидам достапен за сите граѓани, ќе покажам како вистински се претставуваат граѓаните во Собранието

ФИЛИПЧЕ ОД ПРАТЕНИЧКОТО СТОЛЧЕ: Ќе бидам достапен за сите граѓани, ќе покажам како вистински се претставуваат граѓаните во Собранието

МАКСИМ ЈА ПОКАЖА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА: „За наша Македонија во служба на граѓаните“

МАКСИМ ЈА ПОКАЖА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА: „За наша Македонија во служба на граѓаните“

И СТРУМИЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СО СТАТУС ЗА СДСМ: „Да не помине, не слушнато и не видено“

И СТРУМИЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СО СТАТУС ЗА СДСМ: „Да не помине, не слушнато и не видено“

„ЌУТОЛОЗИ НЕ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА СДСМ, САКАМ МОЌЕН СДСМ КОЈ ЌЕ ГО ДРОБИ ДПМНЕ НА ГОВОРНИЦА“: Костовски распали за сопартијците

„ЌУТОЛОЗИ НЕ МУ СЕ ПОТРЕБНИ НА СДСМ, САКАМ МОЌЕН СДСМ КОЈ ЌЕ ГО ДРОБИ ДПМНЕ НА ГОВОРНИЦА“: Костовски распали за сопартијците

МИЛОШОСКИ НЕ СЕ ГЛЕДА СЕБЕ СИ КАКО ДЕЛ ОД ИЗВРШНАТА ВЛАСТ: „Законодавниот дом ми е доволен политички ангажман“

МИЛОШОСКИ НЕ СЕ ГЛЕДА СЕБЕ СИ КАКО ДЕЛ ОД ИЗВРШНАТА ВЛАСТ: „Законодавниот дом ми е доволен политички ангажман“