Заев вo 14 часот ќе ги достави потписите кај Иванов
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017
Делегација на СДСМ денеска во 14 часот во вилата Водно, до кабинетот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов ќе ги достави пратеничките потписи за обезбедено мнозинство за формирање нова влада.
Лидерот на партијата, Зоран Заев, собра 67 потписи од пратеници од СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијанса на Албанците, кои ќе ги достави до Иванов. Тој денеска во партиското седиште требаше да се сретне со лидерите на партиите кои се дел од коалицијата „За живот во Македонија“. Според Кабинетот на Иванов, неговата одлука за доверување на мандатот се очекува во наредните денови.
Денеска се чека и конечната одлука на ДУИ дали ќе коалициира со СДСМ во новата влада или ќе биде опозиција, а ќе поддржи малцинска влада.
Претходно Иванов соопшти дека бара писмена гаранција за обезбедени 61 пратенички потпис, зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и реформи во безбедносните институции.