Заев за Црвенковски: Реакција на граѓанин кој ја сака државата и партијата
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020
Реакцијата на поранешниот претседател на партијата Бранко Црвенковски за мене е реакција на граѓанин кој ја сака партијата и државата, рече денеска премиерот Зоран Заев прашан за писмото на Црвенковски по интервјуто на премиерот за БГНЕС.
Рече дека не му се лути на Црвенковски за реакцијата, напротив дека тој треба да биде активен.
„Тоа знаење кое е втемелено како и кај сите други политичари може да придонесат многу. Во ЕУ земјите како и во нашиот регион има такви претседатели кои се уште се активни. За мене тоа е коректив на политиките“, потенцираше премиерот Зоран Заев.
Веднаш по писмото на Црвенковски многу функционери од владејачката СДСМ застанаа во одбрана на нивниот лидер Зоран Заев.