Зафирчев: Повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот
Објавено во: Македонија 04 Март, 2017 08:00
Актерот Васил Зафирчев на вчерашниот протестен собир на иницијативата за „Заедничка Македонија“ побара да се заштити унитарноста на Македонија, а со тоа и македонскиот јазик.
„Драги мои сограѓани, богољуби, почитувани граѓани на Република Македонија, драг мој Македонски народе, јазикот е наш долг и наше право, ние мораме да го чуваме затоа што е наш, како што е наша и татковината. Народ без јазик е налик на човек без пат, кој не знае кој е од каде е и каде оди, напиша пред повеќе од 100 години големиот Македонец Крсте Петков Мисирков. И после речиси повеќе од век и половина, во 21 век, во современа Европа, во современа Македонија, ние повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот, да го сочуваме името наше Македонско, да ја сочуваме државата таква каква што ја имаме, таква каква што ја сакаме, една единствена, унитарна и суверена, посочи Зафирчев.
Протестните собири на „Заедничка Македонија“ ќе продолжат и денеска.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




