ЗАГИНА ВО ЛИБАН: Израел изгуби важен командант
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2024
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека 22-годишниот капетан Ејтан Јицак Остер e убиен денеска во Либан.
Потврдена е смртта на првиот израелски војник убиен во Либан од почетокот на копнената инвазија, пишува британски Гардијан.Остер бил командант на тим во единицата Егоз, елитна единица командоси, специјализирана за герилска војна.
Израел влезе во Либан за да ја уништи групата Хезболах. Израел соопшти дека нивна цел не се цивилите. На 7 октомври лани палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел и војната уште трае.
фото: икс/принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.