Заглавените 2.300 граѓани ќе се враќаат со хуманитарни летови, но тие не сакаат да одат во карантин
Објавено во: Македонија 21 Март, 2020 11:27
Владата со хуманитарни летови ќе ги враќа дома заглавените граѓани по светските аеродроми и гранични премини, а потоа ќе мораат да бидат во државен карантин, соопшти на прес конференција шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Такви се околу 2.300 граѓани, но се очекува дека оваа можност ќе ја искористат помалку, бидејќи не сакаат да одат во државен карантин.
Пред неколку дена МНР упати апел до нашите државјани кои се затечени на аеродроми или заглавени на затворени граници, и на кои им треба помош од државата, за да си дојдат во своите домови.
„Направивме пресек, бројката варира, дел успеваат и да си дојдат. Сега има околу 2.300 македонски граѓани низ цел свет, а нивната најголема концентрација е на европскиот континент“, рече Димитров.
На владината седница вчера се задолжени МНР и Транспорт да организираат хуманитарни летови, за да се донесат граѓаните дома. Истовремено ќе се формира тело кое ќе организира задолжителен државен карантин, и ќе треба да го зголеми неговиот капацитет.
„Односно, врз основа на законите за јавното здравје, Владата одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи преку хуманитарните летови, ќе бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена, за истовремено, покрај интересот да им се помигне, да се заштитат и другите граѓани што си се веќе во татковината“, рече Димитров.
Тој ги повика сите граѓани кои се немаат пријавено на имејл адресте и на телефоните на дипломатско конзуларните претставништва на земјава во земјите каде се наоѓаат, тоа да го направат најдоцна до утре попладне во 18 часот, а ако таму немаме претставништва, тоа да го наптават во амбасадите на најблиските земји.
Владата мора да имаме прецизна евиденција за веднаш да почне да ги организираме овие хуманитарни летови.
Нејзиниот фокус ќе бидат земјите со поголема концентрација на граѓани на кои им треба помош.
„Вчера во договор со пријателска Црна Гора имавме обид да донесеме група наши граѓани кои беа во Истанбул и да ги качиме на хуманираниот лет од црноготската Влада. Штом ги информиравме дека ќе бидат во задолжителен карантин, ниту еден не сакаше да ја искористи оваа можност. Ако ова е некаква индиција, можно е оваа броја и да опаѓа, затоа велам дека бројките ќе варираат“, објасни Димитров.
Следните денови ќе се организира хуманитарен конвој од Црна Гора кон земјава, таму има околу 70 македонски граѓани, и тие ќе бидат во задолжителен државен карантин.
Трошоците за престојот, храна и слично ќе бидат на товар на државата.
„Со оваа криза светот се врати назад веројатно за седум децении“, смета министерот.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




