11 Мај, 2024
0.0333

Загрижени родители: Нема вага што ќе ја измери „македонштината” ниту омразата, најважна е безбедноста на децата

Објавено во: Македонија 18 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Нашите деца за два месеци ги чека прослава на матурската вечер. Но наместо да размислуваат за свечено заокружување на завршувањето на средното образование,  некој свесно ги втурнува во опасни политички игри кои може лесно да излезат од контрола –вели за Фактор, родител на матурантка од прилепската гимназија “Мирче Ацев”. Штетите кои преку агитацијата врз учениците да излезат на протестите за Заедничка Македонија им се нанесуваат на учениците и на самото училиште  смета загрижениот родител,  допрва ќе се воочат.

“Местото на учениците е во училишните клупи, а не на улица.Ние се сретнавме со директорот на училиштето. Му кажавме дека лесно учениците може да бидат манипулирани и практично искористени во партиски или политички цели,  но прашавме  и кој ќе ја понесе одговорноста доколку во целата еуфорија “кој и колку е голем националист и Македонец”  некое од децата биде повредено. Јас сум како родител сериозно загрижен. Моето дете очекувам во училиште да биде најбезбедно, бидејќи тоа е нивниот втор дом. Според Законот за основно и средно,  образованието е задолжително и ние како родители сме должни да ги пратиме на училиште. Тогаш раководството и професорите се должни да ја осигураат нивната безбедност и да одговараат за неа” – вели М.И од Прилеп.

Група загрижени родители по средбата со директорот на прилепската гимназија доставиле барање  во кое повикуваат децата да не бидат вмешани во политичките случувања во градот и државата. Дополнително од првите луѓе во гимназијата побарале најитно да се свика Советот на родители и училишниот одбор на кои ќе се побара гаранција за безбедноста на учениците.

“Се видовме и дискутиравме со директорот на училиштето. Тој уште еднаш ги повтори своите ставови и убедувања. Но она што ние како родители го укажавме е дека нема вага која ја мери македонштината. Децата треба да бидат безбедни, воспитани и едуцирани. Тоа е функцијата на училиштето, не националистичката пропаганда која може да предизвика меѓуетнички тензии. Очекуваме следната недела да има родителски совет во проширен состав на кој ќе се дискутира по барањето и ќе се превземат мерки. Еден од родителите веќе покрена кривична против директорот. Доколку не се направи сериозен исчекор и не се превземат конкретни мерки размислуваме за нова  кривична пријава”- додава родителот М.И.

Животот во Прилеп последниве неколку дена како што вели целосно е променет. Се чувствува непријатност во комуникацијата. Чаршијата која е место на еснафот е празна.

“Нема жив човек во дуќаните. Кај луѓето се чувствува страв. Комуникацијата во Прилеп кој е земјоделски град била секогаш одлична. Околу Прилеп гравитираат околу 30 000 муслимани. Јас имам најдобар пријател Албанец. Побратими сме, семејствата ни се почитуваат. На свадба сме биле почесни гости, се свирела македонска музика. Никогаш сме немале проблеми. Сега се наметнува некоја неприродно лоша состојба со омраза меѓу младите. Јас моето дете не го учам така. Сакам да знае дека луѓето може да бидат добри и лоши. Нема друга верска, етничка или било каква поделба. Не смееме да дозволиме децата да ни растат во омраза и гнев”- објаснува загрижениот родител.

Осуда и санкции за политичкиот говор на директорот на гимназијата Кирил Николоски  кој  ги  повикуваше  учениците  да излезат на протест против албанската платформа побараа Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет, Првата детска амбасада Меѓаши и средношколските организации. Кривична пријава за злоупотреба на децата за политички цели поднесе  и СДСМ Прилеп. Од Министерството за образование се уште не одлучиле дали ќе се преземат дисциплински мерки против директорот Николовски.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“