19 Декември, 2025
0.5534

ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА АГРЕСИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА СТИГНА И ОД Холандија: Кундерс бара смирување на тензиите

Објавено во: Македонија 06 Март, 2017 14:15

Добивај вести на Viber

Шефот на холандската дипломатија Берт Кундерс во пресрет на состанокот во Брисел побара смирување на тензиите и почитување на парламентарното мнозинство во Македонија, a ЕУ да покаже единство. 

„Загрижени сме поради состојбата во Македонија. Сметам дека мора да постои почитување на парламентарното мнозинство и мора да се нагласи важноста на тоа нештата да се одвиваат без вербална агресија во земјата. Тоа мора да биде решение донесено во самата Македонија. Отворени сме за натамошно движење на Македонија кон ЕУ и НАТО, но ова мора да се реши на мирен начин“, порача Кундерс пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана во Брисел, на кој една од точките на дневниот ред е и политичката криза во земјата.

На новинарско прашање, тој одби да ги коментира позициите на ВМРО-ДПМНЕ, но порача дека е загрижен поради вербалната агресија во земјата, јави Дојче веле на македонски.

Во однос на можните идни чекори на ЕУ, Кундерс изјави дека денеска за тоа ќе се разговара на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана во Брисел и од  министрите на земјите-членки на ЕУ тој побара единство во однос на ставот кон кризата во Македонија.

„Важно е ЕУ да покаже единство во барањето Македонија да ги почитува демократските принципи, парламентарното мнозинство и мирното решение на кризата“.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица