ЗАХАРОВА ЈА НАВРЕДИ ГЕРМАНИЈА: Била „банана република“
Објавено во: Свет 08 Ноември, 2024 16:42
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова ја навреди Германија. Таа ја нарече Германија банана република.
Захарова изјави дека главниот проблем на современиот политички систем во Германија е тоа што е класична „банана република“.
„Распадот на германската владејачка коалиција го откри главниот проблем на модерниот политички систем на Германија – тоа е класична „банана република“. Ниедна држава во светот не почна да ја менува сопствената влада врз основа на изборните резултати во САД истиот ден, освен Германија“, напиша Захарова на Телеграм.
Захарова оцени и дека Берлин престанал да се претвора дека германската влада има независност и да лаже дека не се „гувернери на американските неолиберали во Европската Унија“.
„Берлин не беше во состојба да го зачува рускиот гас, кој е од витално значење за неговите граѓани и индустрискиот и економски комплекс, ја пропушти приликата да го задржи темпото на економски раст и совесно ја следи емиграцијата на своите индустрии и компании во Соединетите Американски Држави, сè само да е Вашингтон задоволен“, додаде Захарова.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши во средата министерот за финансии Кристијан Линднер, наведувајќи дека ќе се гласа за доверба кон средината на јануари, што може да доведе до нови избори во март.
По распадот на германската владејачка коалиција на социјалдемократи, либерали и зелени, американскиот милијардер Илон Маск го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц будала Маск на неговата мрежа Х напиша „Олаф е будала“.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката
Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија
(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?
Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат
Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа
РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“
(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија
Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години
Маск се налути за казната на платформата Х: „ЕУ треба да се укине“ - со него веднаш се согласи Медведев





