ЗАКОНОТ ЗА ВТОРАТА ТРАНША ЗАЕМ ОД УНГАРИЈА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ – условите се слични, изгледа како да ни се брза за парите
Објавено во: Финансии 16 Декември, 2024 07:42
Новото законско решение со кое ќе го земеме вториот дел од кредитот од Унгарија веќе пристигна во Собранието. Најавата за повлекување на втората транша од договорениот заем почнува да се реализира.
- Владата го задолжи Министерството за финансии да подготви и достави барање до Унгарската експорт - импорт банка за обезбедување на втор заем во износ од 500 милиони евра, кој ќе биде наменет за буџетско финансирање и финансирање на општи цели. Постапувајќи по горенаведениот заклучок, Министерството за финансии на 1.11.2024 година подготви и достави барање до Унгарската експорт - импорт банка за обезбедување на вториот заем. Унгарската експорт - импорт банка достави нацрт текст на Договорот за заем и преговорите по однос на истиот се завршени на 10.12.2024 година – се посочува во законот доставен во Собранието.
Неодамна премиерот Христијан Мицкоски посочи дека новото задолжување од 500 милиони евра од Унгарија, кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада.
- По долги и напорни преговори, на владина седница помина и вториот дел од унгарскиот кредит, вторите 500 милиони евра. Ние пред избори зборувавме за една милијарда, кога ги обезбедивме првите 500 милиони бевме обвинувани дека биле само 500, каде се другите, а ние викавме: бидете трпеливи, не сакаме уште отсега да ја истрошиме и оваа втора половина бидејќи ќе треба да плаќаме камата. Ќе ја затвориме оваа зделка кога ќе биде потребна, а тоа е сега, затоа што на 25 јануари истекува рочноста на еврообврзницата која е земена во 2018 година од претходната влада и потребни се 500 милиони евра да се врати таа еврообврзница - објасни Мицкоски.
Премиерот објасни оти ако со нашиот кредитен рејтинг не можеме да очекуваме еврообврзница со пониска камата од 6 проценти, поради што кредитот од Унгарија е многу поповолен.
Во самиот закон доставен во Собранието пак е посочено дека со заемот се унапредуваекономската соработка со Унгарија, се обезбедуваат средства за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, под поволни услови. По изгласувањето на законот, Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии и Унгарската експорт - импорт банка ќе склучат Договор за заем.
Вкупниот износ на заемот кој ќе го додели Унгарската експорт - импорт банка изнесува 500 милиони евра. Условите за заемот се слични на претходната позајмица, имено целиот кредите треба да се повлече во една транша. Рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти, Македонија ќе ѝ плаќа на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 проценти од заемот на годишно ниво.
- Провизијата за неповлечени средства ќе се пресметува на дневна основа на неповлечениот дел од заемот, пресметано од датумот на достапност на средствата и ќе се плати првиот работен ден по завршување на периодот на достапност . Заемот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 април и 15 октомври секоја година. Дополнително, Република Северна Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност. Провизијата за извршени правни услуги ќе се плати пред повлекување на траншата – пишува во законот доставен пред пратениците.
Предлагачите предлагаат законот да се носи по скратена постапка, а неговата исплата ќе биде преку Буџетот на Република Северна Македонија.
Невообичаено е што овој пат во законот е потенцирано дека средствата се неопходни по брза постапка, поради што е нагласено дека законот ќе важи од денот на објава во Службен весник.
- Поради итноста на потребата за склучување на Договорот за заем, овој закон треба да влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. По усвојување на Законот за задолжување од страна на Собранието на Република Северна Македонија и неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“ ќе се пристапи кон склучување на Договор за заем меѓу Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за финансии и Унгарската експорт - импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност – стои во законот.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





