01 Ноември, 2024
0.0345

Закрепнува грчката економија

Објавено во: Балкан 13 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во вториот квартал од оваа година грчката економија покажува знаци на закрепнување, таа потона за 4,6 проценти во споредба со падот од 5,6 проценти од претходниот месец. Грчкиот Завод за статистика наведува дека рецесијата во Грција, иако и понатака трае, е послаба во однос на истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес. Економијата минатата година потона за 6,4 проценти. Грција доби помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во замена за големите структурни реформи во економијата, а грчкиот банкарски сектор зависи од програмата за рефинансирање на Европската централна банка. Владата во Атина прогнозира дека економијата во оваа година ќе потоне за само 4,3 проценти, а наредната ќе забележи раст за 0,2 проценти. Буџетот на централната власт, кој не ја вклучува потрошувачката на локалните власти и каматите на долговите, имаше суфицит од 2,6 милијарди евра во првите седум месеци од годинава, наведува заменик министерот за финансии Христос Стаикурас. Грција се надева дека оваа година ќе оствари примарен суфицит (во кој не се пресметани каматите на јавниот долг), кој е неопходен за јавниот долг да започне да се намалува. Вчера, германскиот весник Шпигел, повикувајќи се на документите на германската централна банка, објави дека на Грција можеби би и бил потребен уште еден пакет помош, бидејќи не е способна сама да се извлече од кризата. ЕУ, ЕЦБ и ММФ, од друга страна, неодамна го пофалија напредокот на Атина, кој таа го оствари на полето на реформите и ја одобрија исплатата на наредната транша помош.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

ЗАГИНА И ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ: Се зголеми бројот на жртви во Нови Сад

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Во Нови Сад загинаа 11 луѓе

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРАЛЕ ДЕКА НАТСТРЕШНИЦАТА ВО НОВИ САД Е НАПУКНАТА: Инженер даде мислење дали има пропуст и каде

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

НОВИ САД: Најмалку осум загинати oткако се урна натстрешница на Железничката станица

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места