17 Декември, 2025
0.0604

ЗАЛУДНО: ЕУ се обидува и Турција да ја сврти кон Брисел наместо кон Москва

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2014 12:09

Добивај вести на Viber

По најавите дека со запирањето на проектот за гасоводот Јужен тек, се создава ново руско-турско енергетско партнерство, Брисел се обидува да влијае врз Анкара и да ја натера турската Влада да се откаже од поголема економска соработка со Москва. Засега без успех поминуваат обидите на ЕУ да ја натераат Турција да не ја зголемува продажбата на свои производи во Русија и повеќе да се сврти кон Европа. Турскиот министер за енергетика Танер Јилгиз, пак, категорично изјави дека Турција нема да избира меѓу Русија и ЕУ. „Турција настојува да го зголеми извозот на своите производи. За нас Русија е повеќе од сосед“, вели Јилгиз. Според неофицијални информации, по средбата на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган и потпишаната гасна спогодба меѓу двете земји, високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини се мобилизирала, ја посетила Анкара и отворено ја повикала Турција да биде „пријател на Брисел“. Могерини побарала од Анкара да „не ја злоупотребува новонастанатата ситуација за сопствена корист“, мислејќи на фактот што по руското ембарго за увоз од европските земји, турските производи почнале да го заземаат местото на европските на рускиот пазар. Таа дури се обидела да ја увери Турција да воведе санкции за Русија, или барем да извезува помалку, но за ова не добила потврден одговор од Ердоган.  

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата