08 Октомври, 2024
0.0303

Залужни прифатил да биде амбасадор во Британија?

Објавено во: Свет 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, како што неофицијално се дознава, ја прифатил функцијата амбасадор во Велика Британија.

Оваа информација ја соопшти пратеникот на Врховната рада, Евгениј Шевченко, во интервју со директорот на Украинскиот институт за глобални стратегии, Вадим Карашев, објавено на каналот Јутјуб.

„Сакам да кажам дека, според моите информации, Залужни ја прифатил функцијата амбасадор во Велика Британија, најверојатно ќе оди таму, а знаеме дека луѓето кои беа испратени како амбасадори се политички пензионери, никој никогаш не се вратил, тоа е традиција во Украина. Затоа ќе ги разочарам оние кои го поддржуваат Залужни“, рече тој.

Шевченко појасни дека врховниот командант на вооружените сили на Украина би можел да биде разрешен на 8 февруари. Пратеникот додаде дека ако Залужни оди во Велика Британија, тогаш „тој повеќе нема да биде политичар“. Згора на тоа, ако остане во Украина и почне политичка кариера, тогаш има шанси за успех, „и не мали, туку големи“.

Зеленски, потврдувајќи ги неофицијалните информации, изјави дека размислува за смената на командантот на вооружените сили како дел од поширока смена во раководството.

Зеленски во интервју за италијанската телевизија РАИ, што беше објавено доцна синоќа, изјави дека размислува за смената на популарниот генерал Валериј Залужни, а украинска Правда денеска објави дека Зеленски размислува и за смена на началникот на Генералштабот Серхи Шаптал. Тој кажа дека го разгледува тоа за да обезбеди земјата да продолжи да ја водат поединци „уверени во нејзината победа“ над Русија. Руската инвазија на Украина почна пред скоро две години. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ФИЦО: Ракетен напад на Брисел би ги опаметил членовите на Европскиот парламент

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

ДЕСЕТ НАЈПРИЈАТЕЛСКИ ДРЖАВИ ВО ЕВРОПА: И земји од регионот се најдоа на листата

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Унгарец го нападна Виктор Орбан

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА НА ТРАМП: Газа може да биде подобра од Монако

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

СИТУАЦИЈАТА Е НЕСТАБИЛНА, СЕ ВОДАТ ЖЕСТОКИ БОРБИ: Руската војска навлезе и во градот Торецк

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД СМРТОНОСНА „ТРИПЛЕДЕМИЈА“: Заразата со три вируси оддеднаш може да биде фатална

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

ПУТИН САМИОТ ЈА СРАМНИЛ СО ЗЕМЈА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА ВО СОЧИ: Ќе гради нова, побезбедна?

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист