22 Ноември, 2024
0.0291

ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ, А ПРОИЗВОДИ НЕМА – Еве колкава е разликата кај цените во период од две години

Објавено во: Економија 10 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Помеѓу 10 и 20 денари по парче или по килограм се зголемени цените на производите во малопродажба во последните две години. Податоците на Државниот завод за статитика ги откриваат просечните цени за земјава за дел од производите во малопродажба. За нашите потреби изработивме посебна табела од десетина производи кои се меѓу најкористените во секојдневието. Спордбата покажува дека во период од две години има раст кај сите производи во малопродажба, и притоа поскапувањето е од 10 до 20 денари по килограм производи.

Така на пример компирите во 2021 година се продавале по цена од 25 денари, додека минатиот месец тие достигнале 48 денари во продавниците. Гравот, и покрај замрзнувањето од некогашните 153 денари, периодов се продава по цена од 196 денари. Големо поскапување има и кај бананите кои во 2021 година се продавале за 59 денари просечна цена, додека годинава просечната цена достигнува 85 денари за килограм.

Но, инфлацијата не ги зафати само некои производи, туку напротив сите продукти, па зголемени цените имаат сите производи.

Како што објави Државниот завод за статистика последните индексот на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец е 0,7 проценти, а индексот на цените на мало 1,4 отсто. Сепак, на годишна основа трошоците на животот во април 2023 година, во однос на април 2022 година се зголемиле за 13 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 10,1 проценти.

Во текот на завчерашниот ден министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека има тренд на намалување на цените на храната кој според него ќе продолжи и понатаму, затоа што се намалени како што рече тој, трошоците на производителите за репроматеријалите, електричната енергија и за гориво.

- Разликата во трошоците за живот и цени на мало за храна и безалкохолни пијалоци е падната за 5,2 отсто во периодот од март 2023 до април 2023 за еден месец. Ако во април инфлацијата на храната била 21,7 отсто, сега е 16,5 во април. Тоа значи дека мерките го дадоа својот резултат. Тоа не е само поради делот на замрзнување на цени, туку и во делот на контролирање на ланецот на трговијата, почнувајќи од производителите па до потрошувачот, смета Бектеши (линк).

Но, наспроти ова, граѓаните алармираат дека замрзнатите цени не го даваат посакуваниот ефект, дел од нив се жалат дека некои од производите воопшто не можат да се најдат низ маркетите, или дека се продаваат „под рака“ како да се купуваат недозволени супстанци, или пак се продаваат по замрзнати цени, а на пазарите се купуваат и по многу пониски цени.

-Деновиве низ локалните маркети не можам да најдам грав никако. Најпосле најдов на зелениот пазар, но таму по цена од 300 денари. Ем морам да одам до центар, ем екстра скапо. Од друга страна низ локалните продавници се продава зеленчук по замрзнати цени, еве краставиците во Ново Лисиче се по цена од 70 денари, а на пазар се многу поевтини дури 40 денари – укажува пеесет годишна скопјанка.

 Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria