Заниер: Собранието треба да започне со работа согласно демократските принципи
Објавено во: Македонија 09 Март, 2017 20:58
Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер го повика Собранието да започне со работа, а политичките лидери да стават крај на продолжената политичка криза во интерес на граѓаните.
Заниер во писмената изјава по средбата со македонските политичари, наведува дека од особена важност е да се врати довербата во институциите, осудувајќи ги неодамнешните провокативни пораки и инциденти кои би можеле да доведат до влошување на меѓуетничките односи. Вели дека Охридскиот договор е од клучна важност за заштита и унапредување на правата на заедниците.
„Надминувањето на политичката патпозиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет. Клучот за решението лежи во рацете на политичките актери кои треба да се справат со предизвикот и да ја решат кризата за доброто на сите граѓани. Резултатите од декемвриските избори во 2016 година овозможија солидна основа за формирање влада и Собранието треба да започне со работа, согласно демократските принципи и владеењето на правото“ - наведува Заниер.
Тој се сретна и со шефот на државата, Ѓорѓе Иванов кој ги повторил ставовите дека има
правен и политички аспект за излез од состојбата. Имаше и поединечни средби со лидерите на петте
парламентарни политички партии.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




