„Заострените финансиски услови може да се одразат врз одржливоста на долгот“: Советот на Народна банка за состојбите во финансискиот сектор
Објавено во: Финансии 12 Септември, 2024 10:14
Домашниот финансиски систем е стабилен, добро се справува со предизвиците и е отпорен на шокови. Амбиентот во 2023 година беше поповолен, со постепено забавување на инфлацијата, но и забавен економски раст, како и неизвесности и ризици од окружувањето.
Ова се главните заклучоци од извештајот за финансиска стабилност на Советот на Народната банка за 2023 година.
- Банкарскиот сектор ги задржа стабилноста и сигурноста во работењето, со подобрена солвентност, којашто е на највисоко ниво во последните 17 години, солидна ликвидност и добар квалитет на кредитното портфолио. Годинашниот макрострес-тест покажа висок степен на отпорност на домашниот банкарски систем на претпоставените шокови од макроекономското и макрофинансиското опкружување. Макропрудентните мерки што Народната банка ги донесе во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот имаа значителен придонес за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор - се нагласува во соопштението испратено од Народна банка.
Додаваат дека поради поповолните движења на пазарите на капитал во 2023 година приватните пензиски фондови и инвестициските фондови успеаја да остварат солидни годишни стапки на принос, а исто така и осигурителниот сектор оствари подобар финансиски резултат и ја задржа високата солвентност којашто е неколкукратно повисока од минималната пропишана со регулативата од оваа област.
- Ризиците од нефинансискиот сектор се умерени, со оглед на добрата финансиска позиција на домаќинствата и на корпоративниот сектор и на ниската стапка на нефункционални кредити. Сепак, потребна е внимателност и претпазливо управување со долгот, за да се обезбеди неговата одржливост и во следниот период - стои во соопштението и се заклучува дека домаќинствата и натаму се со умерено и стабилно ниво на задолженост, додека долгот на корпоративниот сектор (мерен преку неговото учество во БДП) е малку повисок.
Во Извештајот се наведува дека, домашниот банкарски сектор е изложен на физичките и транзициските ризици поврзани со климатските промени, поради кредитната изложеност на банките кон подрачјата со висок степен на ризичност во однос на природните непогоди и клиентите во дејностите со високи емисии на стакленички гасови, како што се енергоинтензивните дејности и дејностите коишто зависат од фосилни горива.
- Окружувањето и натаму е неизвесно и упатува на ризици за следниот период, коишто главно се поврзуваат со можната ескалација на геополитичките тензии и нивното прелевање во глобалната, а посредно и во домашната економија, којашто како мала и отворена, е силно изложена на надворешните шокови. Исто така, евентуалното подолго задржување на заострените финансиски услови би можело неповолно да се одрази врз одржливоста на долгот, со преносни ефекти врз билансите на финансиските институции - стои во соопштението.
Потоа нагласуваат дека ваквите состојби упатуваат на потребата од натамошна внимателност од страна на финансиските институции и при водењето на макропрудентните политики, како поддршка за задржувањето на финансиската стабилност и во следниот период.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





