19 Декември, 2025
0.0642

Започна 5-то издание на Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност во организација на Македонија2025

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2025 14:56

Добивај вести на Viber

Денес во Охрид официјално започна Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност 2025, во организација на Македонија2025, под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.

Во рамки на ова петто издание на кампот, учествуваат над 22 деца на возраст од 11 до 15 години, од кои дел се млади од Македонија, а дел се деца од македонската дијаспора – САД, Канада, Малта, Хрватска, Словенија и Франција. Посебно е значајно што дел од децата доаѓаат од социјално ранливи семејства, за кои учеството е обезбедено преку целосни стипендии.

Кампот има за цел преку интензивна еднонеделна програма да им овозможи на младите учесници да ги развиваат своите вештини во роботика, програмирање, кодирање и креативно размислување, но и да се поврзат со своите корени, културата и природната убавина на Македонија.

Програмата вклучува работилници со сертифицирани СТЕМ едукатори и ментори од реномирани партнери, како и посети на технолошки компании, креативни сесии, културни настани и спортски активности. Посебен фокус се става на интеркултурна размена, тимска соработка и градење на лидерски и социјални вештини.

На 18 јули, ќе се одржи официјална церемонија на доделување сертификати, на која учесниците ќе ги презентираат своите проекти, а сертификатите ќе ги врачи лично Претседателката Сиљановска-Давкова.

Македонија2025 изразува благодарност до сите програмски партнери: Young Engineers Macedonia, Academy for Robotics and Innovation, СТЕМ роботика Кочани, Браинстер и iSource, како иОхридско Лето– нашиот партнер во промоција на македонската култура и традиција. Искрена благодарност и до нашите спонзори и поддржувачи (Триглав осигурување Македонија, Алкалоид, Костал, ИТ Лабс, Фруктал, Винчини и ФрутБар) кои помогнаа оваа програма да се реализира и оваа година, отворајќи врати за нови генерации млади технолошки лидери.

Во рамки на кампот, ќе бидат доделени и стипендии од национално ниво од Академијата за роботика и иновации и СТЕМ роботика Кочани, како и признанија за учество и извонредност на симулациите од FIRST LEGO League натпреварите.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција