19 Декември, 2025
0.0458

Започна да се реализира проектот за искористување обновливи извори на енергија „Кон иднината“

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2014 14:48

Добивај вести на Viber

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на проектот „КОН ИДНИНАТА“ - Студија за потенцијалот и искористување на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион, финансиран преку Третиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија. Партнер на Центарот од бугарска страна е Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград. Проектот “Кон иднината” ќе се реализира во наредните 18 месеци и негова цел покрај изработка на Студијата е да се придонесе кон зголемување на јавната свест за потенцијалот на обновливите енергетски ресурси во прекуграничниот регион и кон идното користење на еко ресурсите, како и зголемување на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија во Југоисточниот плански регион, Република Македонија и Југозападниот регион, Република Бугарија. Со помош на проектните активности кои се планирани во проектот, кои вклучуваат тркалезни маси и работилници, како и изготвување на промотивен материјал за настаните и проектот, ќе се овозможи размена на искуства и трансфер на знаење во двата прекугранични региони.
“Овој проект ќе ни овозможи да ги увидиме потенцијалите на Југоисточниот плански регион за користење на обновливите извори на енергија, со што ке овозможиме да се искористат тие енергенси во привлекување на инвеститори во овој регион, како и подобрување на економската состојба. Овој проект е дел од активностите на Центарот за развој со кој се промовира регионот и се унапредува бизнис климата“, вели Жулиета Ѓуркова – директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Предвидено е да се имлементира и кампања за подигање на јавната свест за обновливите извори на енергија, со што ќе се настојува нивно поголемо идно користење заради подобрувањето на квалитетот на живот на жителите во Југоисточниот плански регион, Република Македонија и Југозападниот регион, Република Бугарија. Проектот е финансиран со средства од Европската Унија и има вкупна вредност од 147.400 евра.

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција