Започна доаѓањето на иселениците во Македонија, доминираат германски и швајцарски регистарски таблички
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2023
Коли, комбиња, автобуси, нервозни патници, голема жештина. Вака беше атмосферата на граничниот премин Табановце, која ја пренесува КланМ. Се чини дека овој викенд е пикот на враќање иселениците во нивните родни места. Доминираа возилата со германски, швајцарски и други западни регистерски таблички.
Иселениците и годинава не ги избегнаа долгите чекања на граничниот премин Табаноц, велат дека чекаат од 1 до 2 часа за да ја поминат границата.
Дури и српските власти, како што јави КланМ, најавија зголемување на интензитетот на сообраќајот на автопатите. Српските медиуми најавуваат дека во текот на ноќта преку граничниот премин од кај Прешево поминале 24.000 патници, а влез-излезот од Србија се очекува да трае околу 40 минути. Српските власти препорачуваат користење на алтернативниот премин Прохор Пчињски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.