19 Декември, 2025
0.0575

Започна големата кампања „МРДНИ СО ПРСТ“

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2016 15:53

Добивај вести на Viber

Викендов со интересен флеш-моб и граѓанска акција во Скопје започна големата кампања за подигнување на јавната свест „МРДНИ СО ПРСТ“.

Повеќе од стотина граѓани учествуваа во големиот флеш-моб во паркот со авион во Аеродром и формираа еден од заштитните знаци на кампањата: дланка со подигнат палец во форма на „лајк“ . По флеш-мобот, како прва официјална акција во рамките на кампањата, граѓаните заедно со Сојузот на извидници на Република Македонија и Извиднички одред Браќа Миладиновци од Скопје направија акција за чистење на сметот од околината на паркот.


Главната цел на кампањата е да се подигне јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Кампањата „МРДНИ СО ПРСТ“ вклучува низа активности во наредниве неколку месеци и испраќа порака која ги охрабрува и поттикнува граѓаните да размислат за нивната лична одговорност и интерес во решавањето на општествените прашања кои најмногу ги засегаат. 

Во рамките на кампањата во наредниве неколку месеци ќе се организираат многубројни акции во соработка со Националниот Младински Совет на Македонија (НМСМ) низ целата земја, како на пример акции за чистење на сметот во населбите, собирање и донации на храна и облека за оние на кои најмногу им треба, урбана едукација преку разни уметнички и културни содржини и перформанси и др.

Од денес е активна и веб платформата www.mrdnisoprst.mk на која граѓаните ќе можат да ги следат сите активности на кампањата, и граѓанските иницијативи кои кампањата ќе ги промовира. Платформата им дава можност на граѓаните  да пријават проблеми во нивните заедници, да предложат можни решенија, но и да се придружат на веќе постоечки граѓански акции.. На веб платформата има и бројач на прсти кој ќе ги брои сите прсти кои „мрдаат“, и тоа од социјалните медиуми па се до реалните активности на терен.

Следете ја кампањата на Фејсбук, Твитер и Инстаграм и продолжете да мрдате, затоа што е потребно малку, за да придонесеме многу:

www.facebook.com/mrdnisoprst

www.twitter.com/mrdnisoprst

www.instagram.com/mrdnisoprst

Можеби ќе ве интересира

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција